Колачиња
Последно ажурирање: 21 октомври 2026 година
Оваа страница ги набројува сите ставки што алатката ги чува во вашиот прелистувач. Целосното објаснување е во политиката за приватност, точка 7.
Неопходно складирање (без согласност)
Овие ставки се технички неопходни, ги поставуваме ние (first-party) и не се праќаат на трети страни.
| Ставка | Каде | Цел | Колку трае |
|---|---|---|---|
audit_consent | localStorage | Го памти вашиот избор „Прифаќам“, за да не ве прашуваме при секоја посета. | До бришење од вас, до повлекување на согласноста или до чистење на податоците на прелистувачот. |
src, c | sessionStorage | Ознака од каде сте дошле (на пример рекламна кампања), земена од адресата. Се зачувува со поднесувањето ако го завршите прашалникот. | Додека е отворен табот. |
Мерење на реклами — Meta Pixel (само со согласност)
Пикселот на Meta Platforms Ireland Limited се вчитува само ако изберете „Прифаќам“. Додека не изберете и ако изберете „Само неопходни“, не се вчитува и ништо не се праќа до Meta.
| Ставка | Каде | Цел | Колку трае |
|---|---|---|---|
_fbp и, кога доаѓате од реклама на Meta, _fbc | Колачиња во прелистувачот | Meta го препознава прелистувачот за мерење на ефектот од рекламите. | Го определува Meta (вообичаено околу 90 дена). |
До Meta се праќа: PageView (отворена страница), Lead (завршено поднесување) и технички податоци на прелистувачот (адреса на страницата, IP-адреса, податоци за прелистувачот и уредот). Не се праќаат име, е-пошта, телефон, фирма ниту одговори од прашалникот.
Како да ја повлечете согласноста
Кликнете на „Поставки за колачиња“ во подножјето на која било страница и изберете „Само неопходни“. Тогаш го бришеме запишаниот избор, Пикселот престанува да праќа податоци, ги бришеме неговите колачиња што може да ги отстраниме и Пикселот не се вчитува додека повторно не изберете „Прифаќам“. Колачињата можете да ги избришете и преку поставките на прелистувачот.